Меѓаши со низа забелешки и препораки за остварување на правата на децата

Views 11

Денес, на 12 јуни 2015 година - Меѓународен ден на борба против злоупотреба на детскиот труд, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, одржа прес-конференција на која го претстави Извештајот за остварување на правата на децата во Република Македонија, подготвен од Македонската неформална национална коалиција на невладини организации за правата на детето.

На прес-конференцијата новинарите и јавноста беа информирани за општата слика за состојбата со остварувањето на правото на образование на децата со посебни образовни потреби, вклученоста на децата Роми во целокупниот образовен процес, состојбите во областа на доењето, малолетничката правда, почитувањето на правата на децата во областа на детското учество, децата кои употребуваат дрога и децата жртви на продажба, трговија и киднапирање.

Извештајот е подготвен во рамките на програмата „Градење на капацитетите на граѓанските организации за мониторинг на состојбата со правата на децата“ поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

На прес конференцијата се обратија: Драги Змијанац - извршен директор и основач на Детска амбасада Меѓаши кој се осврна на Генералните препораки и согледувања од извештајот; Јана Зенговска – координатор на СОС телефонот за деца и млади говореше за подготовката на извештајот и правото на образование на децата Роми; Радмила Стојковска-Алексовска од „Отворете ги прозорците“ се осврна на право на образование на децата со посебни образовни потреби; Воскре Наумовска Илиева од „ХОПС“-опции за здрав живот за право на здравствена заштита на деца корисници на дрога. Модератор на пресот беше Катерина Конеска – Раководител на програми во Прва детска амбасада во светот Меѓаши.

Генерални согледувања и препораки
https://www.flickr.com/photos/childrens_embassy/18736398722/in/dateposted-public/
http://childrensembassy.org.mk/izveshtaj-za-ostvaruvanje-na-pravata-na-decata-vo-republika-makedonija.nspx

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS