Иницијатива за измени на законот за семејство

Views 2

Иницијатива за измени на законот за семејство
Во државава има 100 илјади лица со попреченост, бројка која треба да се земе предвид. Затоа од граѓанската иницијатива за еднакви права на лицата со хендикеп и посебни потреби 5 до 12 бараат измени на законот за семејство, бидејќи како што велат во  Во државава има 100 илјади лица со попреченост, бројка која треба да се земе предвид. Затоа од граѓанската иницијатива за еднакви права на лицата со хендикеп и посебни потреби 5 до 12 бараат измени на законот за семејство, бидејќи како што велат  во постоечкиот не се дефинирани правата на децата со посебни потреби, сметаат дека тие се маргинализирани  од општеството.

Измена на законот за семејство е потребна и да се стави акцент на важноста  од заедничното родителство и по разводот на браковите велат од граѓанската иницијатива која  се  залага за оваа проблематика. Од година во година расте бројот на разводи ги има по 2000 годишно, и станува проблем што не може да чека. Според нив државата е таа која  треба да им  ги обезбеди потребните услови за нормален живот на еднородителските семејства.

Министерка за труд и социјална политика на отчетот за сработеното во изминатите 100 дена во ресорот што го води рече дека со измени на законот  нема да можат да ја сменат праксата. Додаде дека законска пречка не постои, треба да се унапредат правилниците за доделување на решение за видување на дете. Центарот за социјални работи треба да се грижи детето да биде во фокусот. 

Инаку денеска меморандум за соработка за подобрување услугите  за еднородителските семејства потпишаа двете граѓански инициативи и прва  детска амбасада во светот „Меѓаши”. 

Вероника Мароска Леова

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS