36 деца во група во градинка, родителите се жалат

Views 1

36 деца во група во градинка, родителите се жалат
Сами Мјаку само што го донесе своето дете во градинка. Но, се плаши дека во оваа градинка нема доволно услови за грижа и безбедност за децата. Тврди дека, во една група има двојно повеќе деца отколку што би требало.
„Многу деца, малку групи. Групите се пренатрупани, во една група има околу 36 деца и нормално во такви услови трпи квалитетот на настава“, истакна Мјаку.
Слично размислува и друг родител.
„Пренатрупани се групите, да, нормално дека воспитувачките и учителките не можат да постигнат со сите активности. Тие работат но, поради големиот број деца верувам дека и ним им е многу тешко да работат.“
Директорката на градинката, Наташа Ангелова не сакаше да зборува за овој проблем. Прстот го впери кон општина Чаир, од каде исто така засега молчат. Дека проблеми има во повеќето градинки низ Македонија, од различна природа, посочува првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Политичарите постојано ветуваат изградба на нови детски установи, а министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вети дека ќе работи на подобрување на условите во градинките.
Но и покрај ветувањата, недостиг од детски градинки има во многу општини, како Студеничани, Липково, Куманово и Арачиново.
Бајрам Мемети

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS