Меѓаши: Децата итно да се пуштат на распуст поради енормната загаденост на воздухот

Views 1

Меѓаши: Децата итно да се пуштат на распуст поради енормната загаденост на воздухот
Под итно децата да се пуштат на распуст! Помалите деца да не се пуштаат во градинките!
Влада на Република Македонија, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи...
Имајќи ја предвид енормната загаденост на воздухот и неговото катастрофално влијание врз здравјето, бараме од централната и локалната власт под итно децата да се пуштат на распуст а градинките и сите установи каде престојуваат деца да се затворат се додека концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се намали во нормални граници и се додека од надлежните институции не се преземат соодветни, конкретни мерки за заштита. Во спротивно се придружуваме со целосна поддршка на веќе најавениот бојкот од страна на родителите, најавен за 20 декември 2017.
Воедно, престанете борбата за правото на чист воздух да ја сведувате на политичка и партиска пресметка, ова е надполитичко и надпартиско прашање и секој/а е одговорен за неговото решавање а особено оние кои се на власт.
Апелираме дека состојбата со здравјето на децата станува се поалармантна. Се доведува во опасност животот на децата и се прекршуваат повеќе членови од Конвенцијата за правата на детето. Секое второ дете е со белодробни заболувања, астма, бронхитис и др.здравствени проблеми.
Апелираме дека доколку не се преземе итна заштита на децата од страна на надлежните институции, ќе бидеме приморани на ригорозни мерки, бојкот, протести, еко герила активности, блокирање на патиштата... За оваа состојба Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе ги информира сите членови на Комитетот за правата на детето и ќе бидат паралелно повикани граѓан(к)ите на масовни протести, граѓанска непослушност и бојкот односно децата да не се пуштаат во градинка, на училиште, спортски и други рекреативни и едукативни активности. Со загрозување на правото на детето на живот и здрава животна средина се прекршува и Уставот на РМ. За оваа состојба во која се наоѓаат децата ќе бидат информирани и други меѓународни организации каде Меѓаши е членка.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS