ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ Задолжителна хемиска кастрација за педофилите

Views 0

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ Задолжителна хемиска кастрација за педофилите
Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара задолжителна хемиска кастрација за педофилите, оти праксата покажува дека во 75 отсто од случаите тие го повторуваат делото откако ќе ја одлежат затворската казна.

Хемиската кастрација, која во Македонија со закон е воведена во 2014 година, сѐ уште не профункционирала во пракса

„Во моментов според законските одредби, хемиската кастрација е на доброволна база, ако на насилникот му е прво дело. Сега тој може да избере сам хемиска кастрација, ако сака да му се намали затворската казна. Кастрацијата е задолжителна само во случаите кога педофилот го повторил делото. За да нема нови деца жртви на истите насилници, бараме хемиската кастрација да биде задолжителна уште при првиот случај на педофилија“, вели Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во свтот Меѓаши

Меѓаши денеска го презентираше извештајот за работата на СОС телефонот за деца и млади и Бесплатната правна служба во периодот од јануари 2016 – декември 2016, според кој, во Македонија во моментов 50 деца се потенцијални жртви на насилство. Во најголем дел, или во 27 случаи, децата се жртви во бракоразводни постапки на нивните родители. Останатите се жртви на семејно насилство.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS