Тепањето на дете од страна на наставник е недозволиво и остава трауми во меморијата на децата

Views 3

ТЕПАЊЕТО НА ДЕТЕ ОД СТРАНА НА НАСТАВНИК Е НЕДОЗВОЛИВО И ОСТАВА ТРАУМИ ВО МЕМОРИЈАТА НА ДЕЦАТА
Тамара Дичоска нед, 24.10.2021
21. век, ученици трпат физичко насилство од страна на наставниците во училиште - средина каде децата треба да се чуствуваат безбедно.

За вознемирувачкото видео каде наставник удира седмооделенец, па го крева и спушта на земја пред целото одделение во О.У „Панајот Гиновски“ во населба Бутел, социолозите велат дека таквите наставници треба да бидат надвор од образовниот процес.

Настанот остро го осудија и од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi. Педагозите се луѓе коишто треба да им укажуваат други доблести на учениците, а не врз нив да вршат физичко насилство велат оттаму.

Социолозите предупредуваат дека ваквото насилство врз учениците негативно ќе влијае врз нивниот натамошен психолошко-емоционален развој. Потребна е национална стратегија за борба против ваквото насилство.

Утре дисциплинската комисија ќе одлучува како ќе постапи за односот на наставникот кон ученикот, соопшти директорката на училиштето.

Случајот е пријавен во МВР каде беа сослушувани лица поврзани со инцидентот, а известен е и Јавниот обвинител.

Согласно Законот за основно образование секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и Конвенцијата за правата на детето. Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него.

Share This Video


Download

  
Report form
RELATED VIDEOS